По заминувањето на Алегри, Милан веќе има нов фаворит за клупата!

Поранешниот италијански и европски шампион Милан денеска го отпушти тренерот Масимилијано Алегри откако клубот остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а веднаш се појави фаворит за негов наследник.

Англиските медиуми пишуваат дека кормилото на Милан наскоро би можел да го преземе Андони Ираола, кој беше вистински хит во Премиер лигата и го освои шестото место со Борнмут.

Ираола постигна одлични резултати со премиерлигашот оваа сезона, па беше мета на неколку гиганти, меѓу кои и Челси.

Фото: Facebook/AC Milan