Селекторот на Италија го објави списокот со фудбалери - навивачите во шок! (ФОТО)

Италијанската фудбалска репрезентација повторно нема да настапи на Светското првенство (СП) и влегува во нова фаза под водство на привремениот селектор Силвио Балдини, кој ги избра фудбалерите за претстојните пријателски натпревари, а притоа ги шокира навивачите.

На списокот со фудбалери се наоѓаат голем број млади таленти, додека од звучните имиња тука е Џанлуиџи Донарума од Манчестер сити.

Балдини сака да тестира голем број млади фудбалери на пријателските дуели против Луксембург и Грција, но навивачите не се задоволни и голем дел од нив прашуваат кои се фудбалерите што ќе бидат дел од составот на поранешниот европски шампион.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio