Бенитез веќе не е добар ниту за клубовите од Балканот!
Порано Бенитез важеше за еден од најдобрите фудбалски тренери, но веќе одамна е далеку од тоа. Веќе не го бидува ниту за тренер на тим од Балканот.
Фудбалскиот клуб Панатинаикос објави дека шпанскиот стручњак Рафаел Бенитез повеќе нема да ја извршува функцијата тренер. Оваа одлука доаѓа по седум месеци откако 66-годишниот стратег го презеде кормилото на атинскиот гигант во октомври минатата година.
За време на неговиот мандат, Бенитез водеше 41 натпревар, забележувајќи 20 победи, 11 нерешени резултати и 10 порази. Панатинаикос ја заврши сезоната на четвртата позиција во лигата, со значителен заостаток од 20 бода зад шампионот АЕК, што очигледно не ги задоволи очекувањата на управата.
„Му благодариме на шпанскиот тренер и неговиот стручен штаб за професионализмот и духот што го внесоа во нашиот клуб за време на нивниот престој. Му посакуваме на Рафа Бенитез многу успех во продолжението на неговиот професионален пат“, стои во соопштението.