Ужасна исповед на бивш фудбалер на Звезда: Ми се закануваа, се плашев за својот живот!
Нигерискиот фудбалер изјави дека по заминувањето од шведскиот Калмар имал договорен трансфер во белорускиот Динамо Минск, но дека ситуацијата во Белорусија се претворила во сериозен проблем поради притисоци и закани. Дауда својата исповед ја објави на социјалната мрежа X, каде детално опиша што се случило по пристигнувањето во Минск.
„Ова е најлошото искуство во мојата кариера… Сè беше договорено, требаше само лекарски прегледи. По пристигнувањето сè изгледаше нормално, но подоцна работите излегоа од контрола“, напиша Дауда.
Тој тврди дека по медицинските прегледи, во автомобил со претседател на клубот и агент, бил изложен на притисок да потпише договор напишан на салфетка, при што, како што вели, бил исплашен за својата безбедност.
„Ми се закануваа, ми покажуваа лажни медицински извештаи и ме принудуваа да прифатам договор на салфетка. Се плашев за својот живот“, наведе тој.
По враќањето во Шведска, неговиот агент веднаш организирал нови медицински прегледи, кои покажале дека фудбалерот е целосно здрав. Неколку недели подоцна, Дауда пристигна во Црвена звезда, каде што остави солиден впечаток. За белградските „црвено-бели“ одигра 38 натпревари, постигна 17 голови и забележа 7 асистенции, а беше дел од тимот кој ја освои шампионската титула во сезоната 2013/14.
По заминувањето од Белград, Дауда настапуваше за неколку клубови низ Европа, меѓу кои Витесе, Хартс и Атромитос.
ФОТО: alchetron.com