Резервистите со историска партија ѝ донесоа голема победа на Оклахома во Тексас (ВИДЕО)

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер поведоа во финалето на Западната конференција против Сан Антонио Спарс (2-1), откако ноќеска славеа на гостински терен со 123-108.

Почетокот на мечот изгледаше катастрофално за актуелниот НБА-шампион, со оглед што противникот фуриозно стартува и поведе со 15-0. Поради ова, тренерот Марк Дагенолт беше принуден рано да реагира и веќе по три минути да внесе резервисти за да донесе енергија и промена во ритамот.

Токму клупата се покажа како пресуден фактор во триумфот на „громовите“. Резервните играчи на Оклахома постигнаа неверојатни 76 поени, што е нов рекорд во конференциско финале откако во 1984 година е воведен плејоф-форматот со 16 екипи. Претходниот рекорд го држеше ЛА Лејкерс со 69 поени од 1985 година. По лошиот старт, првакот постепено ја презеде контролата, па гостите на полувреме веќе водеа со 58-51, а во третата четвртина целосно го скршија отпорот на домаќините, стигнувајќи и до плус 13. Оклахома во последниот период рутински ја одржуваше двоцифрената предност и без драма стигна до важен брејк.

Најефикасен на натпреварот беше Шеј Гилџес-Александер со 26 поени, додека огромен придонес дадоа и Меккен со 24, Џејлен Вилијамс со 18 и Алекс Карусо со 15 поени. Кај Сан Антонио, Виктор Вембанјама постигна 26 поени, а Девин Васел додаде 20.

Четвртиот натпревар од серијата повторно ќе се игра на теренот на Сан Антонио, каде тимот од Тексас ќе се обиде да израмни.

ФОТО: X / @okcthunder