Скопје во црвено-црно: Километарски караван на Комити како најава за утрешното славје на Вардар! (ВИДЕО)

Навивачката група на Вардар, Комити, вечерва имаа спектакуларен караван како најава за утрешното дерби против Шкендија и шампионското славје кое ќе се случува по натпреварот.

Комитите вечерва се собраа во огромен број, тргнаа од Ново Лисиче и со песна и факели го минаа целиот град наговестувајќи го утрешниот славенечки ден.



Вардар во минатото коло ја завери шампионската титула, а утре во славеничка атмосфера ќе ја заокружи успешната сезона.

Црвено-црните од 18 часот играат против Шкендија, а потоа во Градски парк ќе се случува прославата на титулата.