Легендарниот Иниеста почнува тренерска кариера – не им одолеа на „петро-доларите“!

Легендарниот Андрес Иниеста и официјално започна ново поглавје во кариерата, откако легендарниот Шпанец влезе во тренерските води и го доби својот прв посериозен ангажман.

Поранешниот ас на Барселона потпиша договор со Гулф Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), каде ќе има можност да го гради тренерскиот пат и да стекнува искуство со надеж дека во иднина ќе се пресели и во посилни европски лиги. Тој во последните месеци често беше присутен на тренинзите и активностите на клубот, кој има амбициозен проект насочен кон развој на млади фудбалери. Шпанецот неодамна започна и со тренерска едукација, а во Гулф Јунајтед веруваат дека неговото огромно фудбалско знаење и искуство ќе имаат значајно влијание врз тимот.

Иниеста ја заврши блескавата играчка кариера во 2024 година, а сега за првпат официјално ќе биде покрај аут-линијата, овој пат во улога на тренер.