Седлоски јавно се извини за некоректното навивање на вардарци

Откако минатата недела, бура во домашната јавност предизвика начинот на кој фудбалерите и стручниот штаб на Вардар ја прославија шампионската титула, денеска на таа тема зборуваше тренерот на „црвено-црните“, Гоце Седлоски, воедно и селектор на македонската репрезентација.

Пред почетокот на прес-конференцијата, во врска со списокот на фудбалери за претстојните дуели против БиХ и Турција, тој упати јавно извинување до целокупната јавност.

„Би сакал во мое име и во име на сите играчи на Вардар, да се извинам на македонската јавност за песната што беше пеена со екипата во Струга“, рече Седлоски.

Начинот на прослава ги крена на нозе речиси сите институции и структури, а ФФМ најави казна за Фудбалскиот клуб Вардар и неговите предводници.