Ќе гори во „Билјанини извори“: Охрид за 15 минути ги продаде сите билети за историското финале
Ракометниот клуб Охрид објави дека за само 15 минути се продадени сите билети за возвратниот натпревар со Татабања кој ќе се одигра во „Билјанини извори“ на 31 мај. Ова значи дека во салата покрај Езерото ќе има најмалку 3.000 гледачи, колку што е официјалниот капацитет на овој објект. На ракометарите останува да се изборат за што подобар резултат на гостински терен за потоа, заедно со својата публика и навивачите, да атакуваат на историски успех.
Охрид се бори за првиот меѓународен и воопшто првиот трофеј во својата историја. Минатата сезона пехарот во ова натпреварување го освои Алкалоид што значи дека е можно две години по ред трофејот да „престојува“ во Македонија.