Позната е следната дестинација на Касемиро, детали остануваат за да биде официјално!

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Касемиро, го напушта Олд Трафорд по крајот на сезоната, а веќе е познато кој ќе биде неговиот следен клуб.

Договорот на Касемиро со Јунајтед истекува, тој реши да замине и покрај тоа што фановите бараа да остане по одличните игри оваа сезона.

Информациите велат дека следна дестинација на Касемиро ќе биде Интер Мајами.

Преговорите меѓу двете страни се во завршна  фаза и наскоро се очекува да биде постигнат договор.

По заминувањето на Бускетс, на Интер Мајами му треба фудбалери на таа позиција во средниот ред.