УЕФА ја менува Лигата на Нации и квалификациите за ЕП - сѐ ќе биде исто како во ЛШ!
Според новата структура Лигата на Нации ќе биде поразлична од сегашниот модел со четири дивизии и групи од почетири репрезентации и ќе се игра во три лиги поделени со 18 репрезентации.
Секоја лига би имала по три групи со шест селекции и секоја репрезентација ќе одигра пет натпревари против пет различни противници. Исклучок ќе биде Лигата Ц каде што една група ќе брои седум репрезентации. Завршниот турнир нема да се менува.
Системот ќе биде поделен во две нивоа и во Лига 1 ќе играат 36 репрезентации од Лига А и Б каде што во овој момент е Македонија, додека во Лига 2 ќе се сместат останатите селекции. Лига 1 ќе се подели во три групи по 12 репрезентации и секоја ќе одигра шест натпревари со шест различни екипи, нешто слично како сегашниот формат на европските натпреварувања.
Лига 2 ќе функционира како и Лигата Ц во Лигата на Нации со групи од по шест селекции и една со седум. Исто така од УЕФА потврдија и дека домаќините иако ќе имаат место на Европското првенство, ќе играат во квалификациите поради одредувањето на пласманот за следото издание на Лигата на Нации.
Репрезентациите кои ќе бидат најдобри во Лига директно ќе одат на Европското првенство, додека преостанатите ќе одат во плејоф каде што ќе дојдат и селекциите од понизок ранг.
УЕФА потенцираше и дека целиот систем ќе биде доработен на следниот состанок на Извршниот одбор во септември кога би требало да бидат објавени и останатите детали.