Се подготвува фудбалски земјотрес на Островот: Ливерпул го сака Гвардиола на клупата

Ливерпул се подготвува да го отпушти менаџерот Арне Слот, а како негов наследник се спомнува се уште актуелниот предводник на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, тврдат британските медиуми..

Неделава, неколку реномирани медиуми објавија дека Гвардиола ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, а Енцо Мареска, исто така, наводно е во преговори да го преземе „Етихад“. Подоцнежен извештај откри три причини за одлуката на Гвардиола да го напушти клубот по една деценија и сега се очекува да направи пауза од тренерската работа.

Тешко е да се замисли дека Шпанецот би прифатил да го предводи Ливерпул по една деценија во Сити, особено поради тоа што им вети на навивачите на клубот од Манчестер дека во Англија не би можел да води друг тим. Тој сè уште јавно не ја потврдил својата одлука да го напушти Манчестер Сити, но по ремито со Борнмут во вторникот навести дека ќе разговара со одборот на клубот за неговата иднина во наредните денови.