Знамиња на Астон Вила осамнаа во Мостар, да се случеше ова во Македонија - ќе беше хаос! (ФОТО)

Финалето во Лига Европа меѓу Астон Вила и Фрајбург ќе се следи и од Мостар, затоа што е од голема важност за Зрињски, но пред вечерашниот дуел осамнаа знамиња од премиерлигашот во градот во БиХ. Причината е - бизарна, но разбирлива за навивачкиот свет. 

Доколку победи Фрајбург, тоа ќе значи дека Зрињски ќе ја почне европската авантура од плејофот во Конференциската лига, наместо од второто квалификациско коло, а таквото сценарио не им се допаѓа на навивачите на Вележ.

Вележ е жесток градски ривал на Зрињски, па навивачите често наоѓаат начин како да го испровоцираат противникот и затоа решиле да постават знамиња од Астон Вила, односно ќе навиваат за премиерлигашот со надеж дека екипата од Бирмингем нема да дозволи радост кај фановите на босанскиот вицешампион за оваа сезона.

Овие навивачки „пецкања“ постојат насекаде во Европа, но во Македонија очигледно не ги разбираат најдобро и доколку се случеше вакво нешто, тогаш ќе беше вистински хаос.

Фото: Facebook/Izbornik