Вардар им ги продолжи договорите на четворица фудбалери!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по освојувањето на шампионската титула во Првата лига за сезонава реши да ги продолжи договорите со четири фудбалери.

„Црвено-црните“ потпишаа нови, едногодишни договори со голманот Методија Велковски, стоперот Ненад Мишковски, како и фудбалерите за врска Филип Дурански и Горан Закариќ.

Пред скопскиот гигант е голема задача затоа што го чека настап во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), па во следниот период се очекува да потврди и нови засилувања.

Вардар претходно го потврди и првото заминување од своите редови, а тоа е Фаустин Сењор.