Охрид и Пелистер во директна борба за второ место во Суперлигата

Ракометарите на Охрид и Пелистер денеска ќе се соочат во деветтото коло од плејофот во македонската Суперлига од 19 часот, а влогот е голем затоа што двете екипи водат борба за второто место во домашниот шампионат.

„Гладијаторите“ во моментов се на втората позиција со 50 бодови, односно два поени повеќе од големиот ривал од Битола, па денешниот натпревар ќе биде од голема важност за двете екипи.

Охрид славеше на две од последните три пресметки против „зелено-белите“, и тоа со 27-26 и 29-25, додека првата средба на тимовите оваа сезона заврши со триумф на пелистерци со 33-27.

Пелистер, по овој меч, во последното коло ќе игра против Алкалоид во Суперлигата, додека Охрид ги чека пресметка со Тиквеш, но и против Татабања во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ.