Алонсо во Челси ќе доведе четири тренери од Реал Мадрид
Помеѓу оние кои треба да му се приклучат е неговиот долгогодишен асистент Себастијан Парилас, двајцата соработуваа во 2018 година кога Алонсо ја почна тренерската кариера во младинските категории на Реал Мадрид до 14 години, а потоа соработуваа и во Реал Сосиедад каде што Алонсо го водеше вториот тим.
Покрај него во Лондон се очекува да пристигнат уште Алберто Есинас и Бењат Лабен, како и фитнес тренерот Исмаел Кеменфорт. Исто така медиумите пренесуваат и дека Алонсо ќе задржи тројца актуелни членови на стручниот штаб на Челси и тоа Калум Мекфарлејн, Бернардо Куева и тренерот на голманите Бен Робертс.
Фото: Chelsea FC