Далас по пет години ќе добие нов тренер
Некогаш еден од најдобрите плејмејкери во НБА имаше уште четири години од договорот со клубот и загарантирани 40 милиони долари, но раководството донело одлука за прекин на соработката.
„Џејсон имаше значајно влијание врз Далас Маверикс, како член на Куќата на славните, така и како главен тренер кој помогна оваа франшиза повторно да стигне до финале во НБА. Му благодариме за лидерството, професионализмот и посветеноста кон тимот. За краткото време откако сум тука, развив огромна почит кон она што го изгради. Тој секогаш ќе биде важен дел од семејството на Маверикс“
„Додека ја проценуваме иднината на нашата кошаркарска програма, веруваме дека ова е вистински момент за нов правец на тимот. Имаме големи очекувања од оваа франшиза и одговорност да изградиме организација способна долгорочно да се бори за шампионската титула“, изјави претседателот Масаи Уџири.
Кид во досегашната тренерска кариера ги водеше Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, а беше и помошник тренер во Лос Анџелес Лејкерс пред да ја добие функцијата прв тренер на Далас, со кој стигна и до финале во НБА лигата.
Фото: Dallas Mavericks