Алонсо во Челси ќе доведе четири тренери од Реал Мадрид

Чаби Алонсо беше и официјално промовиран во нов тренер на Челси, а според последните информации во неговиот стручен штаб ќе работат и четири тренери со кои соработуваше во Реал Мадрид.

Помеѓу оние кои треба да му се приклучат е неговиот долгогодишен асистент Себастијан Парилас, двајцата соработуваа во 2018 година кога Алонсо ја почна тренерската кариера во младинските категории на Реал Мадрид до 14 години, а потоа соработуваа и во Реал Сосиедад каде што Алонсо го водеше вториот тим.

Покрај него во Лондон се очекува да пристигнат уште Алберто Есинас и Бењат Лабен, како и фитнес тренерот Исмаел Кеменфорт. Исто така медиумите пренесуваат и дека Алонсо ќе задржи тројца актуелни членови на стручниот штаб на Челси и тоа Калум Мекфарлејн, Бернардо Куева и тренерот на голманите Бен Робертс.

Фото: Chelsea FC