Манчестер сити остана без титула, па го претстави новиот дрес (ВИДЕО)

Манчестер сити откако вчера ги загуби шансите за титулата во Премиер лигата со ремито против Борнмут денеска и официјално го претстави домашниот дрес за новата сезона.

Дресот е во стандардната небесно сина боја, која е потемна на рамената, а постепено посветлува кон долниот дел.

Како што наведуваат од клубот, кампањата „Not Your Typical City“ претставува приказ на менталитетот што го одбележа периодот на доминација на овој клуб.

„Без разлика колку е веќе постигнато, гладот во Манчестер сити секогаш останал ист, постои уште еден гол, уште еден рекорд што треба да се сруши и уште едно ниво што треба да се достигне“, стои во пораката од клубот.

Дресот беше претставен преку промотивно видео.