Ѕвездите на Интер, Јувентус и Реал ќе ја предводат Турција против Македонија!

Денеска селекторот на репрезентацијата на Турција, Винченцо Монтела го објави списокот за подготовките за Светското првенство ова лето.

Турција како што е познато ќе игра и против Македонија, а за овој дуел италијанскиот стратег објави список од 35 фудбалери кој до почетокот на Мундијалот ќе биде скратен на 26.

На списокот пред дуелот со Македонија турската репрезентација предводат младите ѕвезди Арда Ѓулер од Реал Мадрид и Кенан Јилдиз од Јувентус, но и искусниот Хакан Чалханоглу кој сигурно се очекува да биде еден од лидерите на репрезентацијата.

Турција покрај дуелот со Македонија на 1 јуни во Истанбул, ќе одигра и уште еден на 7 јуни во Форт Лодедеј против Венецуела. На Мундијалот се сместени во групата Д каде што се уште домаќинот САД, Австралија и Парагвај.

Фото: Türkiye/X