УЕФА суспендира селектор - ги снимал фудбалерките додека се туширале!
Поранешниот селектор на Чешка и долгогодишен тренер на женската фудбалска репрезентација на Словачка повеќе нема да смее да води ниту еден тим во Европа, а побарано е забраната да важи и на глобално ниво.
Според резултатите од истрагата, Влаховски во периодот од 2019 до 2023 година користел скриена камера која ја чувал во ранец, со цел тајно да ги снима фудбалерките за време на пресоблекување и туширање пред и по тренинзите и натпреварите.
Вкупно биле снимени 15 фудбалерки, меѓу кои и една млалоетна фудбалерка на возраст од 17 години. Скандалот бил откриен уште во 2023 година, кога тренерот бил уапсен, а тогаш добил симболична парична казна од 775 евра за штетата нанесена на фудбалерките.
Но, случајот доби многу посериозен епилог две години подоцна. Кривичниот суд во мај 2025 година го прогласил Влаховски за виновен за поседување детска порнографија, пронајдена на неговиот компјутер, поради што добил условна затворска казна од една година, како и петгодишна забрана за работа во фудбалот на национално ниво.
По ова, Европската фудбалска асоцијација реагираше и му наложи на Чешкиот фудбалски сојуз трајно да му ја одземе тренерската лиценца.
Фото: УЕФА