Тотнем за опстанокот ќе стравува и во последното коло (ВИДЕО)
Челси ја прекина црната серија во Премиер лигата и победи првпат по 4 март, но така и остана во борба за европските натпреварувања. Резултатот го отвори Енцо Фернандез со гол во 18-тата минута и тоа беше единствениот во првото полувреме.
„Сините“ продолжија да бидат подобар противник и во вториот дел, па така преу Андреј Сантос зголемија на 2-0. До крајот на дуелот, Ришарлисон само го ублажи поразот.
Така Тотнем остана на 38 бода, два повеќе од Вест хем во опасната зона, а во последното коло на свој терен ќе играат против Евертон додека Вест хем ќе го пречека Лидс. Преостанатите два патника во понизок ранг се веќе познати од претходно, Барнли и Вулвс.
Фото: Tottenham Hotspur