Веста за заминувањето на Гвардиола направила хаос во Сити, Пеп морал да се извинува!

Во јавноста денеска се појави веста дека Пеп Гвардиола дефинитивно го напушта Манчестер сити на крајот од сезоната, а ваквата ситуација предизвикала голем револт кај шпанскиот стратег.

Имено, Гвардиола бил бесен затоа што во моменти кога неговиот тим се бори со Арсенал за титулата веста стигнала до неговите фудбалери. Информацијата објавена од Фабрицио Романо ги шокирала фудбалерите бидејќи само два дена претходно им било кажано дека Гвардиола ќе остане на клупата и наредната сезона.

Очигледно, челниците на клубот сакале да обезбедат мир во соблекувалната пред последните два натпревари од сезоната во Премиер лигата, но сепак таа стигнала до јавноста.

Поради целата ситуација медиумите пишуваат дека Пеп веднаш ги повикал фудбалерите на видео разговор во кој им потврдил дека заминува и им се извинил што дознале на таков начин. 

Ќе потсетиме, вечерва Манчестер сити го игра натпреварот од 37. коло во Премиер лигата против Бормут и доколку не успее да слави Арсенал официјално ќе стане нов шампион на Англија. 

Фото: Manchester City/FB