Продолжува проклетството на капитените во Реал
Ова ќе биде шеста година по ред во која капитените на Реал си одат од Бернабе. Проклетството почна во 2021 година со Серхио Рамос, а продолжи со Марсело, Карим Бензема, Начо Фернандес и Лука Модриќ. Сите тие беа први капитени на екипата кога одлучија да го остават белиот дрес и среќата да ја побараат на друго место.
Ако ова продолжи, следен кој би требало да си замине е Феде Валверде, но постои можност тој уште ова лето да го напушти Реал откако неодамна имаше тежок инцидент со Чуамени поради кој доби казна од 500 илјади евра.
Карвахал вчера го објави заминувањето од Реал, па ќе има можност да се прости од навивачите во последното коло од Ла Лига во кое неговиот тим се среќава со Атлетик Билбао. За 13 години во дресот на мадридскиот клуб, тој освои 26 трофеи, вклучувајќи шест во Лигата на шампионите и шест во шпанското првенство.