Гвардиола уште не завршил со Сити, а се знае кој ќе го замени на клупата

Италијанскиот стручњак Енцо Мареска ќе го преземе Манчестер Сити на крајот од сезоната, кога Пеп Гвардиола ќе ја напушти клупата на „граѓаните“.

Тоа што кружеше меѓу редовите веќе некое време сега е потврдено. Сити сè уште не коментираше, но бројни островски медиуми ја објавија веста, како и Фабрицио Романо, највлијателниот фудбалски инсајдер. Романо тврди дека нов менаџер на Манчестер Сити ќе биде Енцо Мареска, поранешен тренер на Лестер и Челси.

 

 

За ова нема официјална потврда, но се чини дека сè е решено и дека Мареска ќе има неверојатно тешка задача, да го наследи Гвардиола на клупата на „граѓаните“. Во деценијата под водство на Гвардиола, Сити освои шест титули во Премиер лигата и една Лигата на шампионите.

Мареска има 46 години, а најголемиот успех го оствари лани со Челси, триумфирајќи во Конференциската лига. На 1 јануари годинава тој доби отказ од клубот од Стемфорд Бриџ затоа што уште тогаш се дозна дека преговара со Манчестер Сити.