Жиру и на 40 години не се откажува, пред потпис е со нов клуб
Жиру оваа сеозна беше дел од Лил, а по заминувањето од францускиот тим нема намера да стави крај на кариерата и негов нов клуб би требало да биде турски Бурсаспор.
Во Лил Жиру помина една година на позајмица и на 39 години одигра одлично со учинок од 11 гола на 44 настапи, сепак клубот не ја продолжи соработката. Од 1 јули тој ќе биде слободен во изборот на новиот клуб, а во овој момент Бурса наводно е фаворит.
Шампионот на Турција од 2010 година помина низ финансиска криза и во последните години заврши во четвртиот ранг, сепак брзо се враќаат и наредната сезона ќе бидат дел од Втората лига и сакаат веднаш да тргнат и по место во Суперлигата.
Првичните разговори со Жиру веќе биле направени и тој ги соопштил своите услови, па сега турскиот клуб треба да одлучи дали ќе го доведе, пренесуваат медиуми. Според шпекулациите, Жиру барал плата од два милиони евра колку што заработи во Лил во текот на оваа сезона.
Фото: LOSC Lille