Кливленд го понижи Детроит на негов терен и ќе игра финале на Истокот! (ВИДЕО)
Детроит влезе како фаворит во оваа пресметка, тие беа најдобриот тим од источната конференција во регуларниот дел од сезоната, но два меча по ред загубија на домашен терен од Кливленд.
Овојпат не беше ни неизвесно, Кливленд одигра маестрално уште од стартот, ги доби сите четвртини и на крајот славеше многу убедливо, 125-94.
Победата се должеше пред се на тимската игра на Кливленд, најефикасен беше Мичел со 26 поени, Ален и Мерил постигнаа по 23, а Мобли 21. Најефикасен кај Детроит беше Џенкинс со само 17 поени.
Детроит во финалето на Истокот ќе игра против Њујорк кој со максимални 4-0 беше подобар од Филаделфија, во западното финале се среќаваат Оклахома и Сан Антонио.