Ѓорческа ги почнува квалификациите за Ролан Гарос!

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска ќе настапи во првото квалификациско коло од грен-слем турнирот Ролан Гарос.

Лина, која во моментов е на 191. место на ВТА листата, беше дел и од квалификациите за Австралија опен, а сега ќе се обиде да дојде до главниот турнир во Париз.

За противничка ја има холандската тенисерка Сузан Ламенс која има 26 години и се наоѓа на 124. место на ВТА листата. Холанѓанката е фаворитка во дуелот со Ѓорческа.

Мечот меѓу Ѓорческа и Ламенс е втор на програмата на теренот број 4 и нема да почне пред 11:30 часот.

Квалициските натпревари почнуваат од 10 часот.