Ветеранот заминува од Бенфика, Отаменди продолжува во друг клуб

По шест години, дојде време за разделба меѓу Николас Отаменди и Бенфика, Аргентинецот кој со репрезентацијата стана и светски шампион одлучи дека е време за збогум со португалскиот гигант.

Отаменди иако има 38 години и оваа сезона беше еден од најважните фудбалери со 49 одиграни натпревари, а клубот го напушта како слободен играч. Со Бенфика во шест години успеа да освои и четири трофеи.

Иако заминува, сепак нема намера да стави крај на кариерата и ќе продолжи да игра во татковината, најверојатно во редовите на Ривер Плата.

Кариерата аргентинскиот ветеран ја почна во Велез, а потоа настапуваше за Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро, Манчестер Сити и Бенфика. За репрезентацијата на Аргентина запиша 130 натпревари.

Исто така тој би можел да биде дел и од Мундијалот кој следи ова лето бидејќи се најде на поширокиот список на селекторот Скалони.

Фото: Benfica SL