Алонсо пред потпис со премиерлигаш од Лондон – веќе ја има поддршката од играчите!

Шпанскиот стратег, Чаби Алонсо, е сè поблиску до клупата на Челси, а според англиските медиуми, преговорите меѓу двете страни сериозно напредуваат.

Она што дополнително ја турка зделката е фактот што голем дел од фудбалерите на тимот од Лондон веќе го гледаат како идеален лидер, кој може да го врати клубот на победничките патеки. По отказот на Лиам Росениор по само 106 дена, раководството на лондонскиот клуб бара тренер со авторитет, а токму тоа, според соблекувалната, го има поранешниот стратег на Реал Мадрид и Баер Леверкузен. Во игра биле и Андони Ираола, Марко Силва, Оливер Гласнер и Филипе Луис, но Алонсо моментално е апсолутен фаворит.

Шпанецот, наводно, барал поголемо влијание врз трансферите и засилувањата, а од Челси биле подготвени да му го овозможат тоа – нешто што не го добивал во претходните клубови. Дополнителен проблем за „сините“ бил фактот што играчите тешко го прифатиле заминувањето на Енцо Мареска, додека Розениор никогаш не успеал целосно да ја добие довербата во соблекувалната.

Лондонци веруваат дека Алонсо е човекот кој може да воведе ред, дисциплина и победнички менталитет, а неговото огромно име би било и силен адут при носење нови засилувања на „Стемфорд Бриџ“.