Гвардиола „скромно“: Заслужувам една од трибините на „Вембли“ да го носи моето име!
Тој во пресрет на големата пресметка на легендарниот „Вембли“, расположено потенцира колку пати досега бил во една ваква ситуација.
„Разочаран сум од англискиот фудбал затоа што нема трибина што се вика ‘Пеп’. Толку многу пати сум бил на 'Вембли' што заслужувам барем еден салон. Можеби треба да дојдам уште 24 пати“, се пошегува Гвардиола.
Пеп досега на „Вембли“ освои два трофеја во ФА Купот, пет во Лига Купот и три „Комјунити шилд“ пехари, претворајќи го најголемиот англиски стадион во своја „втора дневна соба“.
ФОТО: X / @ManCity