Бруно Фернандеш го сруши рекордот на Јунајтед, Де Геа го „поздрави“ со среден прст (ФОТО)
Со тоа ги надмина досегашните рекордери Давид де Хеа и Кристијано Роналдо кои по четири пати го понесоа ова признание. Португалецот е во сензационална форма оваа сезона, зацврстувајќи го својот статус како една од најголемите креативни сили на клубот, а во потрага е по рекорд на Премиер лигата по бројот на асистенции во една сезона и му недостасува само уште една за да постави нов.

Неговиот поранешен соиграч Давид де Хеа на интересен начин го проследи изборот на Фернандеш. Шпанскиот голман ја искористи можноста да се пошегува на социјалните мрежи кога виде дека капитенот на „црвените ѓаволи“ го надминал по бројот на индивидуални признанија.
Откако Манчестер Јунајтед објави графика со која го прослави достигнувањето на нивниот капитен, Де Хеа остави само кратка порака „Бруно“ во коментарите, заедно со емотикон на кој се гледа средниот прст. Објавата брзо стана вирална.