Полноќна бомба на „Марка“: Мурињо веќе е нов тренер на Реал Мадрид!
Шансите Португалецот повторно да седне на жешката клупа на „Сантијаго Бернабеу“ сега изнесуваат неверојатни 99,9 проценти, а официјализацијата се очекува во наредните денови. Мурињо ќе го наследи Алваро Арбелоа и ќе стане четврти тренер на Реал во само една година, по ерата на Карло Анчелоти, Чаби Алонсо и на Арбелоа. Во Мадрид во моментов владее вистински хаос, откако тензиите во соблекувалната кулминираа по жестокиот конфликт меѓу Орелиен Чуамени и Федерико Валверде, додека Килијан Мбапе влегол во отворена војна со тренерот по киксот против Овиедо.
Токму затоа Флоријан Перез решил дека на клубот му е потребен човек со авторитет кој никому не му се плаши – а според него, тоа е само Мурињо. „Специјалниот“ веќе еднаш ја врати моќта на Реал кога ја прекина доминацијата на Барселона и пеп Гвардиола, освојувајќи ја легендарната титула со 100 бодови.
По авантурите во Лондон, Милано, Рим и Истанбул, Мурињо минатата есен се врати на клупата на Бенфика, но повикот од Мадрид очигледно бил преголем предизвик за да го одбие.
ФОТО: X / @FabrizioRomano