Астон Вила го растури Ливерпул и се враќа во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Без разлика што ќе направи во претстојното финале од Лигата Европа, Астон Вила вечерва официјално си обезбеди настап во Лигата на шампионите за идната сезона.

На домашен терен, тимот од Бирмингем го победи Ливерпул со 4-2 и создаде недостижна предност пред шестопласираниот Борнмут. Воедно, ја оневозможи Премиер лигата да има и шести претставник во ЛШ, дури и ако триумфира во финалето од Лигата Европа.

До 42. минута не изгледаше дека мечот ќе понуди дури шест гола бидејќи беше 0-0ч. Резултатот го отвори Роџерс, а потоа во второто полувреме - канонада. Прво Ван Дајк израмни, па следуваа три гола на Астон Вила од кои два на Воткинс и еден на Мекгин. Дебаклот на Ливерпул делумно го ублажи Ван Дајк во судиското продолжение, но далеку од тоа дека „црвените“ можат да бидат задоволни од својата игра.

Сепак, Ливерпил е во поволна позиција кога станува збор за Лигата на шампионите бидејќи му е потребен триумф против Брентфорд во последното коло иако е можно дури и ако го загуби тој меч, да го освои петтото место кое води во елитното натпреварување.