Ќерките на Горбок ќе играат одбојка за Македонија!
Даниела и Сара настапуваат за „Газели Волеј“ во македонското првенство, а долго години живеат во Македонија и добија македонско државјанство, па така нашата одбојкарка федерација е нивна матична.
„За нас беше големо изненадување кога го добивме повикот, но го прифативме со драго срце. Благодарни сме што сме поканети да сме дел од сениорската репрезентација на Македонија. Се радуваме што селекторот смета на нас“, вели Сара, додека Даниела ја надополнува: „Навистина сме среќни и тука сме за да покажеме што знаеме и што можеме. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас и да покажеме дека стручниот штаб може да смета на нас“, кажа Гавриловиќ.
Гавриловиќ треба да го скрати составот викендов, по што ќе биде познато кои одбојкарки ќе играат на Европската лига 2026.
Фото: Одбојкарска федерација на Македонија