Ќе биде жешко: Навивачите на Брегалница подготвуваат инвазија на Кочани!
Навивачите на штипската екипа подготвуваат инвазија на Кочани во еден од нивните најважни натпревари пред самиот крај на сезоната.
„Ги известуваме сите симпатизери и љубители на клубот кои сакаат да дадат поддршка, дека за утрешниот натпревар во Кочани е организиран превоз. Истиот е организиран од нашите верни навивачки групи Фаланга и Ултра Банда. Поаѓање - 15:00 часот пред Нова Пошта. Воедно апелираме за достојно и културно навивање за нашата плаво-бела гордост! Да се собереме во голем број и сплотено да покажеме како се сака клубот“, објавија од клубот.
Натпреварот меѓу Брегалница и Осогово се игра утре од 16.30 часот.