Гвардиола им ветил по еден Ролекс на играчите на Барнли за да го „средат“ Арсенал!
Тимот на Микел Артета е на чекор до прва титула по пауза од 22 години и му се потребни уште две победи во последните две кола за конечно да го симне Сити од тронот. „Топчиите“ најпрво го пречекуваат Барнли, а потоа гостуваат кај Кристал Палас. Барнли веќе испадна од лигата, додека Кристал Палас нема резултатски притисок, па во Лондон веќе почна еуфоријата за титулата.
Но, тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, се уште не се предава. Според англиските медиуми, шпанскиот стратег наводно им ветил луксузни Ролекс часовници на фудбалерите на Барнли доколку успеат да му „откинат“ бодови на Арсенал и така да му помогнат на Сити во трката за титулата. Информацијата експресно предизвика хаос на социјалните мрежи. Дел од јавноста смета дека станува збор за медиумско претерување, но други веруваат дека Гвардиола на секој начин се обидува дополнително да ги мотивира ривалите на Арсенал во самиот финиш од сезоната.
Сити моментално заостанува два бода зад лидерот, па секој кикс на Арсенал би можел целосно да ја промени ситуацијата во битката за шампионската круна. Барнли иако веќе испадна од Премиерлигата, неодамна успеа да му создаде многу проблеми токму на Сити, а освои бод и против Астон Вила.
ФОТО: www.mancity.com