Македонија ќе има поддршка, фалангата од Виена оди во Прешов! (ВИДЕО)
Нашите ракометари денеска гостуваат, но на трибините ќе има македонски навивачи, фалангата од Виена се собра и патува кон словачкиот град каде ќе се игра натпреварот.
Австрија и Словачка се соседи, па нашите навивачи од Виена ја искористија блискоста на земјите и отидоа да дадат поддршка за нашата репрезентација. Од Винеа до Прешов има околу 550 километри, 5-6 часови возење кои со песна минуваат брзо.