Перез им нудел богатство на фудбалерите на Реал за да го елиминираат Баерн

Шпански „АС“ открива дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез им понудил богатство на фудбалерите пред реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) против Баерн Минхен.

Перез им понудил по 500.000 евра на секој од нив доколку го совладаат Баерн, а причина за овој потег на претседателот на клубот било тоа што ЛШ во тој момент беше реална мета за освојување.

Пласманот во полуфинале на „кралевите“ ќе им обезбедеше дополнителни 15 милиони евра во наградниот фонд, меѓутоа тие не успеаја да се го елиминираат Баерн.