Левандовски има три опции за иднината - Италија, САД или С. Арабија!

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната, откако каталонскиот гигант решил да не почне преговори со искусниот фудбалер.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Левандовски си заминува на крајот на неговиот договор со Барселона, а има три опции за иднината.

Неколку италијански клубови биле заинтересирани за Полјакот, но конкуренција ќе им прават тимови од Саудиска Арабија и МЛС-лигата.

Фото: Facebook/FC Barcelona