Арбелоа го повтори ставот на Перез: Ни украдоа седум титули!

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа одржа прес-конференција пред натпреварот против Овиедо во Ла Лига и ја повтори пораката на претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Перез распали поради случајот со Негреира и обвини дека му биле украдени седум титули на Реал Мадрид.

„Седум украдени титули? Секако Сите знаеме што се случуваше. Двојните стандарди секогаш беа присутни, не може да негираме дека неколку пати останавме без титула“, кажа Арбелоа.

Фото: Facebook/RealMadrid