Драма во С. Арабија: Автогол во 98. минута го одложи шампионското славје на Роналдо! (ВИДЕО)
Ал Наср поведе со гол на Симакан во 37. минута од натпреварот.
Се чинеше дека така ќе заврши мечот и Ал Наср вечерва ќе биде крунисан во нов шампион, секунди беа во прашање, но тоа не се случи.
Во 98. минута Бенто си постигна автогол за конечни 1-1.
Ал Наср е прв на табелата со 83 бода, Ал-Хилал има 78 бода, но и натпревар помалку.
Ал Наср има уште еден натпревар до крајот на сезоната, а АЛ-Хилал уште два.