Лукман и Сeрлот донесоа гостински три бода за Атлетико! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со 2-1 славеше на гостувањето кај Осасуна, ова беше прва победа за тимот на Симеоне по два последователни порази.

Атлетико рано го отвори резултатот, Лукман во 15. минута постигна гол од пенал за водство од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 71. минута кога Серлот го зголеми водството на 2-0.

Во 79. минута Атлетико остана со фудбалер помалку откако Љоренте заработи втор жолт картон.

Тоа делумно го искористи Осасуна, даде гол преку Барја во 91. минута, тоа се покажа само како почесен погодок.