Касиљас: Не сакам Мурињо да биде тренер на Реал Мадрид!

Легендарниот голман на Реал Мадрид и Шпанија, Икер Касиљас, вели дека не сака Жозе Мурињо пак да седне на клупата на кралскиот клуб.

Касиљас и Мурињо имаа несогласување за време на првиот мандат на Португалецот во Реал Мадрид.

„Немам проблем со Мурињо. Тој е голем професионалец. Но, не го сакам во Реал Мадрид“, вели Касиљас.

„Мислам дека други тренери би биле подобро подготвени да го тренираат клубот на мојот живот. Лично мислење. Ништо повеќе“.