Фердинанд: Доколку Барса го купи Рашфорд за 30 милиони евра, тоа ќе биде чист „грабеж“

Поранешниот англиски фудбалер Рио Фердинанд не е среќен поради тоа што Маркус Рашфорд наскоро би можел да го комплетира трансферот во Барселона, каде што оваа сезона играше на позајмица.

Барселона има опција да го откупи неговиот договор за „само“ 30 милиони евра, а Фердинанд смета дека тоа би било „грабеж“.

„Доколку Барса го купи Рашфорд за 30 милиони евра, тоа ќе биде грабеж. Тој беше неверојатно засилување за Барселона. Дали би го сакал назад во Манчестер јунајтед? Секако, но веќе е доцна. Мислам дека тој сака да остане во Барса“, кажа Фердинанд.

Фото: Facebook/FC Barcelona