Падна договор: Рамос станува газда на Севиља за 450 милиони евра
Во изминатиот период Рамос преговараше за мнозинскиот пакет акции како предводник на групацијата „Five Eleven Capital“, а шпанските медиуми известуваат дека денеска конечно е постигнат договор.
Рамос и неговите бизнис партнери за преземање на Севиља ќе платат сума од 450 милиони евра, а со таа сума ќе бидат покриени и долговите кои што клубот ги има во овој момент. Комплетирањето на уплатата треба да биде најдоцна до 31 мај.
Исто така во договорот постои и клазула според која ако Севиља испадне во понизок ранг, тогаш цената ќе остане иста меѓутоа рокот за исплата ќе се продолжи на уште една година.
Фото: Sevilla FC