Барса ја одбрани титулата, Реал на такво нешто чека 18 години, а ќе мора уште најмалку две
Каталонскиот клуб со тоа, всушност, ја одбрани титулата од лани што е шести таков случај во 21. век откако трофејот успеа да го одбрани во 2006, 2010, 2011, 2016 и 2019 година. Сето ова се случува во период кога Барселона се уште не ги решила финансиските проблеми и не може да донесе соодветни засилувања, па „дупките“ ги крпи со фудбалерите од своите редови.
Колку е значаен овој подвиг за Барселона, најдобро зборува фактот што Реал и покрај кризата во која се наоѓаше најголемиот ривал, шампионска титула не одбранил 18 години. Последен пат, две сезони по ред, Реал беше шампион во 2007 и 2008 година. Оттогаш имаше периоди кога Реал чекаше по четири или пет години за да стане шампион на Шпанија.
За да ја прекине лошата традиција, мадридскиот тим во најдобар случај ќе треба да почека уште две години, под услов догодина да ја освои титулата, а во 2028 да ја одбрани.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.