Жешко реми во Штип: Брегалница е на милиметри од враќање во Првата Лига!
Дуелот во Штип го одбележаа тензии меѓу фудбалерите, но и стручните штабови. Шкендија Арачиново поведе преку Шаркоски во првиот дел, додека Капсаров од пенал израмни на 1-1.
Брегалница до крајот на сезоната игра против ГФК Осогово и Победа, па со евентуални победи во натпреварите ќе обезбедат директен пласман во Првата лига.
Скопје е втор со ист број на бодови со Брегалница, меѓутоа полош меѓусебен дуел, додека Охрид и Шкендија Арачиново ќе се борат за третата позиција и бараж за влез во елитата.
Резултати - 28. коло - Втора лига
Брегалница – Шкендија Арачиново 1-1
Каменица Саса – Слога Виница 1-0
Кожуф – Победа 8-0
Охрид – Големо Коњари 3-0
Преспа – Детонит 0-3
Тетекс – Скопје 0-1
Вардар Неготино – Осогово 0-4
Новаци - Беласица 1-0
Табела: Брегалница 65, Скопје 65, Шкендија Арачиново 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Детонит Плачковица 49...