Вест хем не издржа: Тросар го носи Арсенал кон титулата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал триумфираа во лондонскиот меч против Вест хем со 1-0 во 36. коло од Премиер лигата и ја зголемија предноста пред Манчестер сити на пет бодови.

„Топчиите“ беа подобар противник на теренот во првото полувреме, но до гол стигнаа дури во 83. минута преку Леандро Тросар, откако неколку минути претходно „чеканите“ промашија одлична шанса.

Во самата завршница се случуваше голема драма, откако Вилсон погоди во 95. минута за 1-1, но ВАР-технологијата го поништи погодокот поради прекршок врз Давид Раја.

Арсенал се наоѓа на првата позиција со 79 бодови, додека Манчестер сити е втор со 74 поени и еден меч помалку од лидерот. Вест хем, од друга страна, е во зоната за испаѓање со 36 бодови, односно еден помалку од Тотнем.

Фото: Facebook/Arsenal