Димитриевски: Знаевме колку се важни овие бодови, се боревме храбро и ги освоивме!
Димитриевски посочи дека сите се од тимот се заслужни за победата на гостувањето во Билбао.
„Знаевме колку се важни трите бода од овој натпревар. Се боревме за нив, се боревме заедно. Тие постојано напаѓаа, а ние кога ја имавме топката и напаѓавме, им направивме доста проблеми. Сè е до ефикасноста во шеснаесетникот и ние бевме само малку подобри од нив“, вели Димитриевски.
Фото: Facebook/Valencia C.F.